Uncategorized

Мистериозната смрт на турската кралица на дијамантите: Како богаташката паднала од крузер, а сиот накит исчезнал?

Познатата турска богаташка и златарка, претставничка и сопственичка на царството на скапоцен накит „Тифани“ во Турција, загинала на речиси бизарен начин, кон крајот на октомври на крстарење, а решението на мистеријата за нејзината необична смрт не е во доглед.

71-годишната Дилек Ертек, богата госпоѓа во поодминати години, но сè уште привлечна и многу негувана жена, загинала на 26-ти октомври на скапо и егзотично крстарење кога паднала од крузер на Тахити.

Турските медиуми со нејзината смрт се занимаваат веќе со денови, а приказната станала многу читана и во западните медиуми, па со неа се позанимавал еден од најтиражните таблоиди „Дејли Мејли“.

Турскиот весник „Daily Sabah“ пишува дека нејзиното семејство барало од полицијата да го истражи и нејзиниот љубовник од Швајцарија со кој тргнала на луксузното крстарење.

Нејзиниот син – Гокче Атук, за британски „Дејли Мејли“ изјавил дека е чудно што скапоцениот накит исчезнал од сефот во кабината во која неговата мајка била сместена на бродот, а уште почудно е тоа што љубовникот нејзиното исчезнување го пријавил дури 20 часа подоцна.

И форензичарите биле збунети бидејќи не им било јасно како толку ситна жена од само 157 центиметри успеала да падне преку ограда висока еден метар.

Во меѓувреме, потрагата по неа е сопрена бидејќи е неверојатно нејзиното тело да се пронајде после толку време.

Безбедносните камери наводно забележале како „една фигура“ паѓа во морето.

Поврзани вести

Back to top button
mk Македонски јазик
Следи не на Facebook