Мистериозен објект помина покрај земјата – Теоретичарите на завера убедуваат дека тоа е НЛО (ВИДЕО)
Кога еден член на екипажот на Меѓународната свемирска станица ИСС, сними мистериозен објект како влегува во атмосферата на Земјата.
Теоретичарите на завера почнаа со тврдења дека тоа на снимката всушност е НЛО, покрај тврдењата на Европската свемирска агенција дека во прашање е метеор.
Италијанскиот астронаут Паоло Несполи го сними моментот кога светлечката топка се појави земјината атмосфера на 5 октомври.
Тајлер Глокенер, кој го води Јутјуб каналот „SecureTeam10“ убеден е дека ова е доказ дека вонземјаните постојат.
Во видео снимката на неговиот канал, тој вели дека мисли дека тоа воопшто не е метеор.
-Гледате на снимката дека Земјата се врти многу побрзо отколку што би требало, а ние гледаме дека оваа светлост доаѓа од свемирот и дека се движи со брзина од 137.000 километри на час, вели тој.
Меѓутоа, како што вели Глокенер, ако би ја имале снимката на која Земјата се движи со нормална брзина, би виделе дека и овој објект се движи многу поспоро.
Европската свемирска агенција објави соопштение на 16 ноември, дека нивните истражувачи овој предмет го опишале како огнена топка.
-Огнената топка е уствари метеор, мала карпа од свемирот која влегува во атмосферата и набргу согорува. Овој метеор се движел поборзо од типичното, стои во соопштението.
„SecureTeam10“ вели дека исто така сомнително е што Европската свемирска агенција вака брзо го објави соопштението, пренесува Мирор.
-Тие никогаш не се огласиле вака брзо. Зошто тврдат дека е во прашање метеор ако не се сигурни? Зошто не одат на локацијата каде што метеорот би требало да падне? Зошто нам не ни ја дадат успорената верзија на снимката наместо нормалната.
На оваа Јутјуб снимка исто така се споредува ова видео со метеорскиот дожд од 2011 година.
-Ако го споредите ова со она што е метеорот уствари, ќе сфатите дека ова не изгледа како метеор које е виден во 2011 година, објаснува тој.