Избор на уредникотСветТоп

Медицинска сестра малтретира и шамара постара жена во дом за стари лица (ВИДЕО)

На социјалните мрежи објавено е вознемирувачко видео во домот за стари лица во Пеќ, Косово, каде млада работничка, медицинска сестра, малтретира постара жена.

Случајот се случил пред неколку дена во Домот за стари лица во Пеќ, кој е приватен.

На видеото се гледа како вработената ја удира по глават повозрасната жена, која најверојатно е згрижена во домот.

Нејзината колешка во првите моменти од насилството, сака да ја отргне од намерата, но таа продолжива да и удира шамари на жената.

Веста ја потврди и портпаролот на полицијата на Пеќ, Фадил Гаши, кој информира дека медицинските сестри се уапсени на работното место, околу 14 часот.

Според соопштението на Основното обвинителство Пеќ, тие се осомничени дека сториле кривично дело „Напад“ и кривично дело „помагање во извршување на кривичното дело Напад“.

Инаку воземирувачкото видео, го објави актерката Калтрина Зенели на социјалните мрежи, на кое се гледа како две медицински сестри физички напаѓаат повозрасно лице во домот за стари лица.

Во продолжеие на видеото, исто така се гледа како една медицинска сестра ја напаѓа, а друга и помага во насилството, а се слуша и смеење.

Поврзани вести

Back to top button