Манијакот кој се самозадоволуваше пред 5 девојчина ја призна вината, девојчината немаше да ги погледне (ВИДЕО)
Манијакот кој се самозадоволуваше пред девјчиња во автобуси на ЈСП и пред влезови на згради, Сонер Арслан, на рочиштето, призна вина, изрази каење и ветуваше дека нема да го повтори делото. Најмладата негова жртва е 19-годишно девојче, додека највозрасната имала 24-години. Од 5-те девојчина 4 беа во судницата. Тој беше со грб свртен кон нив.
„Да виновен сум. Признавам дека ги сторив кривичните дела онака како што е опишано во диспозитивот на обвинителниот предлог. Многу се каам, многу се извинувам“, кажа тој пред судијката.
„Доброволно го давате признанието? Никој не ве принуди“, кажа судијката, на што тој одговори: „Со мозокот не бев добар…“, кажа обвинетиот, а судијката препраша: „Дали некој ве принуди да признаете? Дали знаете каде сте што сте?“, а Арслан одговори: „Да признавам“.
Арслан, вети дека нема повеќе да се самозадоволува пред девојки на јавно место.
„Цел живот нема да правам вакви грешки. Многу се каам. Татко ми е стар, јас само со него живеам, не може да работи. Во април ќе се женам ќе имам свадба. Барам помош од вас“, рече Арслан.
Негов бранител беше Јовица Страшевски. Адвокатот посочи дека заменува колешка, притоа се извини на жртвите и посочи дека не е во неговата етика да брани вакви предмети. Страшевски пред обвинителката, судијката, полицајците кои го спроведуваа, кажа дека Арслан е корисник на дрога.
„Не е моја етика да бранам вакви предмети, бев замолен од колешката. Како олеснителни околности судот да има во предвид дека обвинетиот е млада личност, има вереница, има план да прави свадба во мај. При одмерување на казната судот да има во предвид, дека истиот е зависник од дрога, која можеби е причинско-посредничка врска за сторување на делото. Да има во предвид дека има потреба од лекување“, рече адвокатот.