Избор на уредникотМакедонија
Македонските „Анонимуси“ го урнаа сајтот на Дуа Липа
акедонскиот дел на глобалната хакерска група “Анонимуси” (Anonymous) вечерва го урна веб сајтот на британската поп ѕвезда со косовско потекло Дуа Липа.
Според објавата тие извршиле таканаречен ДДОС напад за да го урнат сајтот кој не е достапен на интернет.
Македонските “Анонимуси” најавија дека сајтот кој беше урнат околу 23 и 20 минути ќе биде блокиран еден час.
“А и да, вака изгледа ддос од асален калибар, ќе трае 1 час, чисто за научни цели за оние кои мислат дека го немаме капацитетот”, пишува во објавата на Твитер.
Пејачката предизвика низа реакции во регионот откако објави мапа на Голема Албанија во која беа сместени територии на Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и Грција.
Сајтот на Дуа Липа на овој линк