Избор на уредникотМакедонија

Македонски пасоши имале и убиецот и убиените водачи на Шкаљарскиот клан

Сведокот Срѓан Лалиќ на судењето против кланот на Веља невоља откри нови детали кои се поврзани со Македонија. Тој за првпат ги откри убијците на Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ кои беа изрешетани во ресторан во Атина на 19 јануари 2020 година додека со семејствата биле на вечера.

Според неговото тврдење тие биле убиени од Брашњевиќ и Лаиновиќ. Сведокот Лалиќ тврдеше дека Лаиновиќ пребегал на Косово со лажен пасош од Македонија.

-Од Македонија илегално премина таму, а мислам дека со лажен пасош премина кој му го направија Македонци, изјави сведокот на судското рочиште.

Инаку Дедовиќ и Стаматовиќ биле водачи на Шкаљарскиот клан за кои се верува дека имале прошверцувано кокаин во вредност од 300 милиони евра Во Атина влегле со македонски пасош. Беа лоцирани во ресторанот откако нивните сопруги се „чекирале“ на Фејсбук.

Поврзани вести

Back to top button