Љубов посилна од сè: Тинејџер (16) со аутизам ја запросил својата девојка откако не се виделе 6 месеци!
Стивен Багли (16) и Лили Дод (16) за време на карантинот поради пандемијата на коронавирусот не се виделе шест месеци, но контакт одржувале преку видео повици.
Кога повторно се виделе, Стивен клекнал пред неа и ја прашал дали сака да се венча за него.
Лили, која инаку има дијабетес тип 1 и ретка генетска состојба која го ограничува нејзиното физичко движење, му рекла „Да“ на Стивен, кој има ADHD – хиперкинетичко пореметување.
„Апсолутно се обожуваат. Многу се заљубени. Живеат во свој мал свет и сакаат да бидат заедно. За време на карантинот многу си недостасуваа еден на друг“, рекла мајката на Лили, Ема Дод (51).
Ема рекла дека смета дека Лили е единствената личност во Велика Британија со нејзината дијагноза, која е толку многу ретка што дури нема ни име.
Всушност, нејзиното пореметување подразбира дека не може да плаче и има потешкотии во одењето. Исто така, не може да го контролира мочниот меур и постојано мора да носи катетер.
Таа и Стивен се запознале во февруари, 2019-та година, во училиште за посебни потреби и оттогаш се заедно.