Левица: Корумпираниот албански олигарх Клодијан Алајбеу, ја купува клиниката „Жан Митрев“
Корумпираниот албански олигарх, Клодијан Алајбеу ја купува клиниката „Жан Митрев“ велат од полтичката партија Левица. Според нив ова ги подгрева сомнежите дека случајот со Жан Митрев се процесуира со цел да се изнуди продажбата на клиниката на моќници кои стојат зад криминалните елити на ДУИ и СДС.
Додека граѓаните на Република Македонија преку донации молат за лекување во странство, нечовечната корумпирана власт на ДУИ-СДС оркестрираат криминално преземање на најголемата приватна болница во Македонија. Вчера преку манипулативни нарачани текстови во медиумите беше објавено за наводна продажба на Клиниката „Жан Митрев“ на „холандски” фонд. Но, податоците од холандскиот Трговски регистар покажуваат дека зад оваа сомнителна зделка стои Клодијан Алајбеу, албански олигарх со низа коруптивни скандали во Албанија, Косово, но и во африканскиот континент!
Со цел да се скријат сомнежите за висока корупција и да се прикаже дека холандски фонд стои зад преземањето на Клиниката Жан Митрев (која се гони кривично за измамничко профитерство), пред само еден месец Клодијан Алајбеу го има префрлено правното сопствеништво над холандската фирма, која ја купува Клиниката на холандска фондација-труст.
Но, овој контроверзен лик го има задржано правото над сите приходи од холандската компанија и Клиниката „Жан Митрев“ преку потврди издадени од холандската фондација.
Клодијан Алајбеу, кој сега ќе профитира од маките на македонските граѓани и уништеното јавно здравство од троецот СДС-ДПМНЕ-ДУИ, се поврзува со случаи на перење пари и корупција во Албанија и Зимбабве, но и финансирање на терористички организации во Турција. Ова ги подгрева сомнежите дека случајот со Жан Митрев се процесуира со цел да се изнуди продажбата на клиниката на моќници кои стојат зад криминалните елити на ДУИ и СДС. Здравјето на граѓаните не смее да биде предмет на бизнис-интереси на поединци поврзани со олигархијата на власт, се наведува во соопштението на Левица.
Левица наведува дека се залага за државно регулирање и ограничување на приватните болници и инвестирање во јавното здравство до кое бесплатен пристап и квалитетни услуги ќе имаат сите граѓани на Република Македонија, а не само богатите.