Избор на уредникотМакедонија

Левица: Двојазичните униформи се спротивни на мислењето на Венециската комисија, зошто молчат од ВМРО-ДПМНЕ

Двојазичните униформи се спротивни на мислењето на Венецијанската комисија, велат од политичката партија Левица. Според нив поради стравот дека обидот за воведување на двојазични униформи со закон ќе биде блокиран од Левица, Владата на Ковачевски противуставно донел скандалозна Уредба со која униформите на полицијата станале двојазични.

– Токму Законот за двојазичност беше оспорен од Венецијанската комисија при Советот на Европа, за што поранешниот премиер Заев изјави дека ќе биде земено во предвид поради евроинтегративните процеси. Венецијанската Комисија, изјаснувајќи се по Законот за употреба на јазиците, истакна дека Законот ги надминува европските стандарди во однос на правото на употреба на малцинските јазици и се оди предалеку со наметнувањена нереални законски обврски на државните институции.

Во негативно мислење на Венецијанската комисија, опфатен е и делот со јазикот на службените униформи, каде е наведено дека повеќејазичните униформи се речиси непознат феномен (без разлика дали се работи за униформи на полицијата, војската, пожарникарите или здравствените работници)!

Иако изјавите по донесувањето на Законот за двојазичност гласеа дека Владата пред практичната употреба на истиот ќе побара мислење, а забелешките на Венецијанската комисијата ќе бидат спроведени, сепак добиеното негативно мислење од 2019 година тотално се изигнорира, во духот на диктаторското владеење на СДС и ДУИ, реагираат од Левица.

Од оваа партија прашуваат и зошто не реагираат од ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Хртиситјан Мицкоски.

– Потсетуваме дека единствено Левица се изјасни и ја оспори скандалозната Уредба за униформата и ознаките на униформата на полицијата пред Уставниот суд. Со воведувањето на двојазичните униформи, се погазијаевропските институции и повторно се докажа подреденоста на СДСМ во однос на ДУИ и нивните апетити за федерализација.

Истовремено, според Левица преку молкот на Христијан Мицкоски се покажале и калкулациите на ВМРО-ДПМНЕ за идно формирање на влада со ДУИ, на сметка на унитарниот карактер, суверенитетот, територијалниот интегритет и независноста на Република Македонија.

Поврзани вести

Back to top button