Левица: ДУП-от изгласан од ДПМНЕ и СДСМ во интерес на „Пуцко Петрол“ укинат на Уставен
Уставниот суд на Република Македонија ја укина Одлуката за донесување на Детален урбанистички план за градска четврт З 04 блок 04.05, поточно се работи за делот кај СЦ „Борис Трајковски“ во јавноста познат по спорната бензинска станица на Пуцко Петрол, компанија блиска до структурите на ДУИ, велат од Левица. Според нив Укинувањето на овој урбанистички план на виделина ја исфрли и лицемерната локална политика на ДПМНЕ, СДСМ и ГРОМ кои во Општина Карпош гласаат ДУП-ови во интерес на сомнителни бизнис субјекти.
– Уставниот суд оцени дека со вака донесената одлука на општина Карпош се повредува начелото на владеење на правото, унапредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на животната средина и на природата, предвидени во Уставот, но исто така е направена и повреда на членот 4 од Законот за урбанистичко планирање, бидејќи донесениот ДУП, не е во согласност со ГУП. Укинувањето на овој урбанистички план на виделина ја исфрли и лицемерната локална политика на ДПМНЕ кои во Општина Карпош гласаат ДУП-ови во интерес на сомнителни бизнис субјекти, но не и ДУП-ови во интерес на карпошани, се вели во партиското соопштение на Левица.
Од партијата потсетуваат дека за овој ДУП минатата година гласаа советниците на ДПМНЕ, СДСМ и ГРОМ додека советничката група на Левица беше против истиот, предупредувајќи дека зад истиот се кријат единствено бизнис интересите.