ЗдравјеИзбор на уредникот

Лекарите направија чудо, на девојка ѝ ја сошија ногата после несреќа и таа пак оди

Докторите и медицинските сестри во Загреб направиле голем и чудесен зафат на пациентката Мартина Дир, спасувајќи и ја ногата во неверојатни услови.

Оваа млада медицинска сестра претрпела тешки повреди во автомобилска несреќа при што дел од бедрената коска целосно излегла од ногата.

Лекарите биле решени да ја спасат ногата, со што коската 10 дена ја чувале во банка на ткиво, ја деконтаминирале, а во комплексна операција во траење од 11 часа и ја вратиле на место.

Операција што ја нема во медицинската литература

Мартина денес е добро. Ги мрда прстите, почнала и да оди, а ќе биде надгледувана во наредните шест месеци. Оперцијата кои ја направиле хрватските лекари не постои во медицинската литература.

Само во еден момент се разбудив после несреќата и видов како ми искочи коската. И повторно паднав во шок. Знаев дека е голема повредна, но не до толку. Ни сега не сум свесна колку била таа сериозна повреда – рекла пациентката Мартина Дир.

Поврзани вести

Back to top button