Крмов: ДУИ работи на интегрирање на Албанците со Албанија и Косово, наместо на интегрирање со Македонците во Македонија
На вечерашното гостување на Канал 5 во „Само Вистина”, пратеникот на Левица, Борислав Крмов даде одговор на прашањето во однос на подготовката на буквар кој ќе биде изработен од Албанија и Косово за потребите на албанските ученици во Република Македонија?
„Во државата имаме ситуација каде што децата Албанци учат македонски јазик од петто одделение и имаше обид да учат од прво одделение што е и најнормална работа бидејќи македонскиот јазик е сврзно ткиво и тој е раширен од север до југ и од исток до запад. Сега имаме ситуација каде дечињата албанци учат македонски од петто одделение, а албански јазик од прво одделение, но со учебник од друга странска држава. Доколку ги гледаме изјавите на Али Ахмети може да забележиме дека тој го користи терминот нација мислејќи само за албанската нација која е распослана на повеќе држави на Балканот, а не за македонската нација. ДУИ работи за интегрирање на Албанците од Македонија со останатите Албанци од балканот, наместо на интегрирање на Албанците со Македонците во Македонија” – рече Крмов
Тој додаде и дека Левица цело време предупредува за овие процеси но и дека тие си течат со се поголемо и свесно раздвојување на Македонците и Албанците. Според него причината за ова е поради фактот дека СДС е на власт со стаклени нозе и тие се трудат да останат на власт што е можно повеќе.