Избор на уредникот

Ковачки: Внукот на Ахмети, Бесијан, назначен за прв секретар во амбасада со 10 месеци стаж

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, го назначил противправно вториот внук на Али Ахмети, Бесијан Ахмети, за прв секретар во Амбасадата во Брисел со 10 месеци стаж, соопшти на прес-конференција Драган Ковачки пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. Според Ковачки Бесијан Ахмети бил унапреден за три скалила одеднаш.

– Младиот Ахмети, покрај тоа што станува Прв секретар во амбасадата во Брисел, додека Али Ахмети е пратеник и лидер на ДУИ, тоа го прави со само 10 месеци стаж.

Имено Бесиан Ахмети на 16.05.2022 година е вработен во Министерството за економија, на работна позиција Помлад соработник за мониторинг и следење на договорите за концесија за минерали, за 10 месеци подоцна на 16.03.2023 година да биде именуван за Прв секретар во амбасадата во Брисел.

Бесиам Ахмети е преземен по пат на интерен оглас, на кој се пријавил, и работното место од економија го заменил со тоа во МНР.

Иако упатувањето во ДКП на Македонија во странство се врши врз основа на спогодба меѓу МНР и соодветната институција, сепак Дипломатското звање го дава МНР, согласно член 78 во врска со чл 95 од Законот за надворешни работи, во случајов на помлад соработник одговара дипломатското звање “Аташе”, додека на советник и раководител на одделение одговара дипломатското звање „Прв секретар”.

ДКСК има основа за постапување за утврдување на партиско влијание и непотизам, како и за незаконско постапување од МНР Бујар Османи во именувањето на Бесиан Ахмети за Прв секретар во ДКП во Брисел по само 10 месеци поминат стаж во Економија како помлад соработник, на што одговара дипломатското звање „Аташе”, односно за унапредување 3 скалила одеднаш.

Како Османи го назначил младиот Ахмети за Прв секретар на амбасадата во Брисел без истиот да ги исполнува потребните услови?, запраша Ковачки.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека покрај од ДКСК, очекуваат одговори и од Османи, но и од Ковачевски, за кого се надеваат дека нема да молчи како за Мерко и за првиот внук на Ахмети.

Поврзани вести

Back to top button