Ковачки: Униформирани полицајци и војници од Косово влегле во Македонија
Драган Ковачки, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и поранешен воен офицер, објави информација на Фејсбук дека униформирани полицајци и војници од Косово влегле на македонска територија и биле задржани од македонската полиција.
– До нас стигна информација дека тројца полицајци и еден војник на Косово се влезени на наша територија и дека биле задржани од нашите полицајци во селото Орман. Главното прашање е како може припадници на странски униформирани вооружени сили да престојуваат на наша територија без придружба на МВР? Спасовски нека шета по кампањи рамо до рамо, а странски униформирани лица нека ни шетаат во државата“, напиша Ковачки.
Засега нема потврда од МВР, ниту во соопштение ниту во дневниот билтен, дека странски униформирани лица биле задржани од македонската полиција.