Македонија

Косовската полиција знае каде се двајцата обвинети во „Монструм“, сепак тие не се испорачуваат во Македонија

Македонско-Косовската граница изутирнава трештеше од шок бомби и истрели од ќорци. Мешовитите полициски специјалци од МВР и од Косово апсеа криминалци кои се обидуваа да ја минат границата. Додека вежбаа заедно за да ги запрат криминалците да бегаат од една во друга држава, од околниот рид набљудуваа премиерот на Косово Рамуш Харадинај и министрите за внатрешни работи на двете земји, пренесува Телма.

Ако во иднина ги запрат криминалците да ги прескокнуваат границите остана неодговорено прашањето до двајцата министри зошто сеуште Косово не ги екстрадира обвинетите во случајот „Монструм“ за убиствата кај Смилковското езеро.

Додека Министерството за правда на Косово молчи, полицијата знае каде се обвинеите во „Монструм“ и ја чекаат документацијата за да ги испорачаат.

Полицијата на Косово е добро органзиаира и има одлична сорабтока со македонските колеги. И за лицата за кои прашѓувате неколку пати сум изјавил, и на две средби претходно сум кажал дека и владата на Р. Косово и минситерството за рпавда се подготвени за оваа процедура, изјави косовскиот министер за внатрешни работи Бејтуш Гаши.

Повеќе на Телма

Поврзани вести

Back to top button