Свет

Колку чинат елитните балкански проститутки – Разоткриена мрежа за елитна проституција

Задарската полиција разоткрила случај со проституција во чии рамки биле приведени неколку лица поради организирање и давање на сексуални услуги на јахти и апартмани.

Крими полицијата во Задар ја завршила истрагата против неколку лица кои организирале и давале сексуални услуги на подрачјето на тој град и во други делови на земјата.

Како што известиле, за казненото дело организација пријавиле 25-годишен, 26-годишен и 34-годишен маж од Задар, и 29-годишна Србинка, која воедно и била прекршочно пријавена, бидејќи и самата давала сексуални услуги, пишува Net.hr. Покрај неа, за истиот прекршок биле пријавени и две странски и две хрватски државјанки. Се се одвивало последниве неколку месеци, а клиентите со девојките се наоѓале во јахти и апартмани.

Нивните услуги ги плаќале помеѓу 300 и 600 евра.

“Девојките на кои на кои проституцијата им е основен бизнис, лесно од Белград со својата работа продолжуваат на Црногорското приморје. Колку пари можат да заработат е прашање. Ниедна не работи по тарифа на час. Богатите клиенти даваат толку колку што се задоволни од услугата. Со богатите клиенти е загарантиран и луксузен помин. Кокаинот е речиси сигурен дел од декорот’, рекла за Blic.rs минатата година една белградска ескорт дама.

Таа вели дека елитна проституција не може да има без добар посредник.
“Девојка не може да работи сама. Прво, сите тие клиенти се или стари клиенти, или ако се нови, се јавуваат по препорака. Плаќаат одлично, но и бараат девојки на високо ниво на работа. И тоа ниво чини пари”, вели таа.

Поврзани вести

Back to top button