Ќе се гради железничка пруга од Кичево до албанскиот град Лин, проект вреден 500 милиони евра
Скопје и Охрид ќе се поврзат со пруга. Готов е проектот за изгрдба на пруга од Кичево до албанскиот град Лин, а тој предвидува и крак до Охрид. Се работи за железничка линија долга 63 километри која според првичните проценки ќе треба да биде готова до 2030 година.
Министерот за транспорт, Горан Сугарески, во изјава за Сител вели дека ќе се гради модерна електрифицирана пруга, а на албанска страна пруга до Лин веќе има.
Со завршувањето на пругата до Албанија конечно ќе изградбата на железничкиот дел од Коридорот 8. Ова е важен европски проект кој ги поврзува Црното Море во Бугарија со јадранскиот брег во Албанија.
Што се однесува до работите на пругата кон Бугарија, тие се во тек и таа треба да биде завршена до 2025 година.
Проектот за изградба на пругата до Лин чини близу 10 милиони евра. Проектирањето го изврши француско – шпански конзорциум, а процесот за железничко поврзување со Албанија го започна претходната Влада.
Извор: СИТЕЛ