Свет

Скиентолозите ми го киднапираа синот: Немам ни негова фотографија, мора да го земам од нивните канџи

Австриецот не го видел својот 14-годишен син од март, бидејќи неговата сега веќе поранешна партнерка се приклучила кон Скиентолошката црква и го одвела детето со себе.

“Срцето ми се крши кога ќе помислам дека ќе го минам Божиќ без синот. Ова е полошо од хорор филм”, вели 42-годишниот Стефан Г. од Виена.

“Таа е член на црквата од 2008-та година. Нејзиниот нов партнер е високорангиран припадник на австрискиот огранок на црквата. Кога го запозна, осум години одбиваше да го види синот. Меѓутоа, тој самиот сакаше да остане во контакт со својата мајка и сега поради тоа го изгубив. Побарав минатата седмица да ми прати барем негова фотографија, но до денес не добив”, вели очајниот татко.
Откако е со својата мајка, детето прекинало со дотогашниот живот.

“Го прекина контактот со мене, со баба му и дедо му, со роднините. Сигурен сум дека е во канџите на скиентологијата”, вели тажниот татко, кој сега со адвокат се бори за право на старателство над детето.
Според зборовите на неговиот адвокат Томас Раст, неговата поранешна партнерка, како што е вообичаено за Скиентолошката црква, “работела на прекин на контактите на детето со неговото окружение и го користела како казнена мерка”.

“Кога беше со својот татко, одел кај своите баба и дедо. Мајка му го лоцирала преку телефонот и тогаш бесно му рекла дека тој нема дедо”, рекол адвокатот.

Во декември 2016-тата година мајката побарала целосно старателство над детето. Детето наводно напишало писмо до судот, во кое го оцрнило својот татко и побарало да остане со својата мајка.

“Често ми вика и ме пцуе. Мојот биолошки татко зборува лоши работи за мојата мајка”, пишува во писмото за кое Стефан тврди дека е дело на неговата поранешна партнерка.
“Мојата поранешна партнерка му го диктирала текстот. 14-годишни деца не пишуваат така. Што се однесува до мене, таа може да верува во што сака, но не сакам Филип да порасне во такво матно окружение како Скиентологијата. Морам да го ослободам од нивните канџи”.

Поврзани вести

Back to top button