Караџиќ открива тајни стари 20 години: Како живеел како Давид Дабиќ?
Пред речиси 9 години, доктор Радован Караџиќ ја извадил од себе маската на доктор Давид Дабиќ. Под густата брада и сламениот шешир, подолго од деценија бегал од најмоќните тајни служби и светските ловци на глави.
Соочен со првостепена пресуда на Трибуналот од 40 години затвор, на која неговиот правен тим поднел жалба, воениот лидер на босанските Срби во интервјуто со „Večernje novosti“ зборувал за криењето и апсењето, дилемите, стравот, сеќавањата…
“Кога Џинџиќ беше убиен, во исто време беше усвоен Закон за соработка на РС со Хаг, а јас тогаш им се заблагодарив на луѓето кои ме чуваа и ја завршив соработката, бидејќи не сакав да ги инкриминирам. Тогаш почнав да живеам сам, излегував доцна навечер, шетав и купував храна. Меѓутоа, полицијата почна да трага по “земунците” и нивните скривници. Ги интересираа станови во кои наводно не живее никој. Затоа решив да се покажам пред соседите, да видат дека тука живее некој чичко”, вели Караџиќ.
Тој објаснил дека тогаш прв пат се појавил како Давид Дабиќ.
“Најпрво морав од 112 килограми да ослабам на 80. Почнав да носам друга облека, ролки, широки маици, тоа што не сум носел никогаш. Зборував екавски. Почнав да се интересирам за здрав начин на исхрана. Во тој момент немав пари, па почнав да држам предавања за здрава исхрана. Работев за некои компании, а потоа и како консултант на неколку приватни лекарски ординации. Завршив курс по парапсихологија”, вели тој.
Се потсетил на 30. јули 2008. година, кога бил уапсен, нагласувајќи дека и тогаш знаел дека “Хаг е како бесен бик”.
“Уште во авионот на Владата на Србија, сфатив дека не сум им нешто посебно важен, освен како српска парадигма, која воспитно и егземпларно ќе ја удираат, за србизмот или РС и нејзиниот народ никогаш да не се опорави. На прво место ми беше да не се бранам само себе, туку целиот србизам, бидејќи затоа и ме бараат”, заклучил тој, пренесува Kurir.rs.