Свет

ВИДЕО: Запленето големо количество на оружје наменето за Албанците во Македонија

Военобезбедносната агенција на Србија заплени големо количество оружје во јужна Србија, кое илегално требало да биде транспортирано во Македонија. Се претпоставува дека оружјето било наменето за партиската инфраструктура на најглемите албански партии чии функционери учестввуаа во оружените судири во Македонијс и на КиМ, пишува „Блиц“, повикувајќи се на извори од ВБА.

Според тие извори, пренесува „Блиц“ минатата недела запленети се неколку илјади пушки, митрези, минофрлачи и рачни бомби, откриени во близина на Прешево и Бујановац, а еден странски државјанин и двајца државјани на Србија од албанска националност се обидувале да ги префрлат во Македонија преку илегални канали.

-Се работи за голем товар оружје, кое очигледно било наменето за употреба ако дојде до пазгорување на судири во Македонија или можеби токму за да се предизвикаат инциденти, наведува изворот на „Блиц“ и додава дека пешадиското оружје требало да послужи и за евентуално преземање на власта. Оваа акција, вели изворот, била составен дел на активностите на ВБА, но и на други безбедносни служби, а се во рамките на зголемените мерки на безбедност по наредба на државниот врв.

Акцијата е извршена во најголема тајност, а државниот врв оценил дека е подобро да не ја објави информацијата.

-Премиерот Вучиќ сметаше дека шпекулациите за заплена на толкаво количество оружје би можеле да им послужат на некои да долеат масло на огнот и на онака ровката политичка ситуација во Македонија, вели изворот на „Блиц“. Тој додава дека за целата активност се известени и надлежните македонски служби.

-Истовремено ВБА забележа засилено раздвижување на припадниците на албанското национално малцинство од подрачјето на Прешево и Бујановац кон Македонија. Слично е и со Албанците од Косово и тоа пред се на оние кои се познати како некогашни припадници на ОВК, вели изворот на „Блиц“.

ВИДЕО НА БЛИЦ

Поврзани вести

Back to top button