Живот

Јапонците ќе произведуваат струја од снег, а ние

Истражувачи од мал јапонски град на северот на земјата пронајдоа одржливо решение за еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат, а нивните научници велат дека овој модел може да се користи и во други земји кои се соочуваат со слични проблеми. Аомори, град со големина на Нови Сад, се наоѓа на 715 километри северно од главниот град Токио, пишува Нова рс.

Покрај боровите шуми кои вообичаено ги красат овие предели, градот е познат и како место со најмногу снежни врнежи во светот, околу 8 метри годишно. Причината зошто паѓа толку многу снег во Аомори е токму неговата локација и надморска височина. Градот се наоѓа помеѓу два заливи (Мутсу и Аомори) и планината Хакода, каде што е директно изложен на студениот северен воздух и околните води.

Минатата година беше особено проблематична. Имаше толку многу снег во градот што локалните власти мораа да издвојат 46 милиони долари (5,6 милијарди јени) само за да ги исчистат покривите и улиците. А знаете ли каде Jапонците го фрлаат тој снег? Во океанот. Иако звучи едноставно, се испостави дека овој начин на отстранување на снегот е прескап и бара многу време и работна сила.

Поради оваа причина, тим составен од научници од Јапонскиот национален универзитет за електро-комуникации (UEC, Токио) и стартап компанијата „Форте“ предложија интересно решение за овој проблем. Велат дека целиот снег што се собира во текот на годината може да се искористи за производство на струја. Тестирањето на новиот систем е веќе започнато, а јапонските научници веруваат дека нивниот пристап може да им помогне на другите земји, особено на оние кои се соочуваат со енергетската криза предизвикана од војната во Украина.

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button