Избор на уредникотМакедонија

Извлечени двете лица што паднаа во бездна длабока 20 метри (ВИДЕО)

Двете лица кои со квадрицикл (мопед на четири тркала) паднаа во провалија кај вила Принц на Караџица се извлечени во стабилна состојба со веројатни сршеници.

Предадени се на две екипи на Итната медицински помош кои се упатија кон медицинските центри во Скопје.

Претходно, ЦУК информираше дека на бројот 112 е добиен повик за помош на две лица кои со квадрицикл излетале надвор од земјен пат и паднале во бездна длабока околу 20 метри, после с. Алдинци во близина на вила „Принц“.

Од страна на ЦУК се известени и координирани МВР, Итната медицинска помош и Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

Поврзани вести

Back to top button