Живот

Изборете се со главоболката само со мед и лук

Главоболката ни стана секојдневниве со оглед на временските промени, па постојано посегнуваме по таблети против болка.

Но, сите знаеме дека хемијата не е многу добра да се консумира толку редовно, па добро е да размислите за некој природен лек.

Ние ви нудиме еден старински лек кој се состои од состојки кои ги имате во вашата кујна.

Потребни состојки:

10 чешчиња лук
500гр мед
неколку зрна бибер
Начин на подготовка:

Исчистете го лукот, исечете го секое чешче на половина и ставете го во тегло, додајте го биберот и медот. Затворете ја теглата и оставете да стои пет дена. Земајте по една лажичка секогаш кога ќе почувствувате дека ќе почне да ве боли главата.

Освен за главоболка, лекот е добар и за зајакнување на имунитетот. Во тој случај, земајте по една лажичка наутро и една навечер на празен стомак. Овој „зачинет“ мед ги неутрализира бактериите во телото, го олеснува варењето на храната, го регулира шеќерот во крвта и крвниот притисок.

Поврзани вести

Back to top button