Има 101 година и сѐ уште оди на работа: Важно е да се најдат добронамерни, љубезни и дружељубиви луѓе околу себе
Џејн Барнс од САД иако има 101 година, сепак таа четирипати неделно наутро се вози по 20 минути од нејзиниот дом во Синсинати до Мејсон, Охајо, за својата кратка смена во дуќанот каде што е вработена 26 години. Тоа ѝ е еден од омилените начини да си го минува времето.
– Уживам во ова што го работам и сакам да продолжам со тоа. Ќе работам додека можам или додека ме сакаат овде, изјави Барнс за „Си-ен-би-си“.
Џејн првично работела како книговодителка, пред првите обиди за пензионирање во 70-тите. Но, по неколку месеци во пензија, таа повторно почнувала со работа, бидејќи ѝ „недостигал ручекот со колегите“, како што вели. Таа на 26 јули ќе наполни 101 година. Во текстилната работилница почнала да работи по смртта на нејзиниот сопруг Дик. Ќерка ѝ Дона тогаш работела со скратено работно време и ја препорачала мајка сѝ, за да ѝ биде корисно по смртта на сопругот.
– Запознавам и многу љубезни купувачи. Некои од нив се изненадени кога ме гледаат на маса како сечам текстил, додаде таа.
Џејн смета дека нема тајна за долг и среќен живот, но работата ѝ помогнала во тоа… Како што вели, важно е да се најдат добронамерни, љубезни и дружељубиви луѓе околу себе.
– Зафатеноста со работа Ве оттргнува од сосредоточеноста на болката. Тоа е она што го олеснува тоа, рече таа.