Свет

ИД ја презеде одговорноста за нападите во Брисел – „спијачи“ на 50 места чекаат да дигнат се во воздух

Терористичката организација ИД ја презеде одговорноста за нападите во Брисел, јави ТАСС.

Во трите експлозии кои изутрината одекнаа во Брисел загинаа најмалку 26 луѓе, а ранети се повеќе од 130, јавија белгиски медиуми.

Белгиската министерка за здравство Маги де Блок изјави дека во нападите на аеродромот загинале 11 луѓе, а повредени се 81, додека во метро станицата Молебек загинаа најмалку 15 луѓе, а повредени се најмалку 55.

Тамошните медиуми пренесоа непотврдени информации дека во градо се наоѓаат на 50 места т.н. „спијачи“ кои очекуваат наредба како, каде и кога да нападнат.

Локалните радио-станици ја пренесоа веста дека е само прашање на време кога цел Брисел ќе летне во воздух доколку терористите одлучат така.

Исто така, според тврдењата на разузнавачките служби центарот на „терористите-спијачи“ се наоѓа токму овде што го зголемува стравот и потребата за засилени мерки за безбедност.

Инаку, овој град стана еден од најопасните во Европа и се почесто се поврзува со тероризмот.

Поврзани вести

Back to top button