Хепар центарот обезбеди донација за лекување на пациент во Италија
По долги преговори Хепар Центарот од Битола за прв пат во Р.Македонија се избори да ја добие првата донација на најсовремена иновативна терапија за Хепатит Ц , за 28 годишна девојка . Донацијата изнесува од 40.000 до 80.000 илјади евра, плус контролите и консултациите ( Харвони) . Битката со Хепатитот девојката ја водела од 2011 година, пренесува телевизија Тера.
-Жалосна е констатацијата дека овај вирус може да предизвика разни видови на канцер. И оваа млада девојка која има само 28 години, сега можам да кажам дека не спаѓа во онаа ризична група. Пред неколку години и е констатирано дека го поседува овај вирус Хепатит Ц. Подолг период таа се бореше на повеќе начини за сузбивање на самата болест, но за жал медикаментите кои што таа ги примаше не дадоа резултати. Поради сите настанати причини и поради прогресивноста на болеста доведе да добие младата девојка цироза и потреба од трансплантација на црниот дроб, за да дојде до спасување на нејзиниот живот, изјави Милан Мишковиќ, Хепар центар-Битола
Девојката моментално се наоѓа на лечење на клиниката во Палермо Италија , и веќе 10 дена ја примала терапија . Покрај терапијата покриени и биле трошоците за патување и сместување, велат од Хепар Центарот во Битола
-Хепар центарот побара донација од нашите партнери ЕЛПА и Италјанската асоцијацијаи за борба против Хепатитот, кои одлучија да и излезат во пресрет на младата девојка да и обезбедат комплетно лекување во италијанскиот град Палермо на клиниката за инфективни болести кај еден од најдобрите доктори. Таа веќе 10 дена ја прима терапијата. Првите резултати се одлични и очекуваме во најскоро време да биде повлечена од листата на трансплантација ако продолжат ваквите резултати, изјави Милан Мишковиќ, Хепар центар-Битола
Покрај оваа донација за девојката, од Хепар Центарот се надеваат дека во наредниот период ќе добијат дополнителна донација за еден или неколку пациенти
Хепатит Ц е заболување кое има широка географска дистрибуција и се смета за голем јавно-здравствен проблем на светско ниво.Светската Здравствена Организација процени дека три проценти од светската популација или, околу 150 милиони луѓе се хронични носители на хепатит Ц инфекција..Од таму препорачуваат дека секоја земја треба да изготви акционен план за Хепатитис како водич за борба против хепатитис. Бројот на заболени од хепатити во Македонија покажува циклични осцилации со пораст на бројот на заболени на секои 3 до 5 години.