Хемикалија пронајдена во кондомите и цуцлите може да предизвика рак
Хемикалија која се наоѓа во кондомите и цуцлите најверојатно предизвикува рак, наведуваат светските здравствени експерти.
Светската здравствена организација (СЗО) тврди дека супстанцата MBT (2-mercaptobenzothiazole) е присутна во голем број гумени производи кои вклучуваат кондоми, цуцли, гумени ракавици, еластични гумци и гуми за автомобили.
На состанокот во Лион во Франција, 24 експерти се согласиле дека постојат доволно докази оти оваа хемикалија се вметнува во енциклопедијата на канцерогени.
Сепак, тие тврдат дека јавноста не би требало да се грижи, туку оти во поголема опасност се работниците во фабриките.
Професор Ханс Кромхоут, член на Комитетот кој ја истражувал оваа хемикалија, рече дека јавноста е изложена на мала количина МБТ и тоа по пат на кожата или воздухот. Таа се поврзува со рак на мочниот меур, цревата и крвта, меѓутоа не е единствен виновник за таа здравствена состојба, јави британски „Телеграф“.