Груевски: Испаѓа дека шиптарките може дома да чуваат тенкови а полицијата ништо да не им може само затоа што се жени муслиманки
Со читање на транскрипти од смс пораки и друга комуникација поврзана со петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за случајот „Монструм“.
Судијата Огнен Ставрев прочита и неколку пораки од екс премиерот Никола Груевски.
-ДУИ на сите страни шират лаги за постапувањето на МВР за петкратното убиство. Тоа прави голема штета на државата, вели Груевски.
Во друга порака пак Груевски пишува:
„Некоја организација на жени или МПЦ нека им реплицира на ИВЗ. Испаѓа дека шиптарките може дома да чуваат тенкови а полицијата ништо да не им може само затоа што се жени муслиманки, пишува Груевски до соговорник.
„Некоја женска организација или КОМ нека напише противодговор на овие од ИВЗ. Испаѓа дека „ШИПТАРКИТЕ“ може дома да чуваат и тенкови, а полицијата да не може да стори ништо само затоа што се муслимани “
Министерката Јанкулоска истата порака ја испраќа до неколку други лица за да се изврши притисок насекаде. Во друга порака, Груевски и вели на Јанкулоска дека ДУИ шири лаги.
Пораката на Никола Груевски:
„ДУИ од сите страни шири лаги за работата на МВР за петкратното убиство. Ова предизвикува голема штета за државата “.