МакедонијаТоп

Ѓоковиќ ја пееше „Македонско девојче“ и побара фотографии од Охрид (ВИДЕО)

Светскиот тенисер број еден, Новак Ѓоковиќ во специјално видео обраќање до неговите фанови ја поздрави и Македонија.

Популарниот Ноле преку својот Инстаграм профил исполнуваше желби на фановите, а во чест на Македонците ја запеа „Македонско девојче“, а потоа побара и да му се испратат фотографии од Охрид и преубавото Охридско езеро.

Ѓоковиќ во моментов се наоѓа во Велика Британија каде се натпреварува на неофицијалното тениско светско првенство, Вимблдон.

Поврзани вести

Back to top button