Живот

Го излечила синот од аутизам со зборови – Еве што му велела секоја вечер!

Мојот постар син повеќе не боледува од аутизам, а јас сум сигурна дека мојата ноќна терапија одигра важна улога во тоа.

Психологот Олга Ваљаева, готово ја изгубила волјата за животот кога нејзиниот син нагло добил аутизам. Таа се обратила за помош кај повеќе стручни лица, а како што вели, еден психијатар ѝ дал едноставен и бесплатен рецепт за лекување на нејзиниот син кој сега радо го споделува со други. Тој ѝ ја раскажал праксата за терапија и третирање на пациентите со аутизам во една клиника во Англија.

Имено, клучот е во тоа што мајките на децата коишто имаат аутизам, секоја вечер ја спроведувале оваа терапија врз децата. Чекале нивното дете да заспие, а тогаш по 15 минути, кога детето ќе влезе во активна фаза од сонот, му велеле: Те сакам! Горда сум на тебе! Пресреќна сум што ти си мое дете! Ти си за мене најдоброто дете на светот!

Лекарите од таа клиника ги споредиле децата на кои мајките со љубов им ги изговарале овие зборови со децата на коишто никој ништо не им зборувал. Резултатите биле изненадувачки: децата на коишто им биле упатени зборови полни со љубов, многу побрзо закрепнувале.

Олга Ваљаева вели:

Најпрво му ги изговарав овие зборови на синот. Подоцна, почнав да импровизирам и да додавам други зборови полни со љубов. Поминаа пет години оттогаш, а јас сѐ уште им шепотам на моите синови. Мојот најстар син повеќе не боледува од аутизам, а јас сум сигурна дека мојата ноќна терапија одигра важна улога.

Освен што мојот син во потполност се збогуваше со болеста, во текот на терапијата се случи нешто поважно се создаде блискост помеѓу мене и синовите. Ноќе, додека ги гушкам и им изговарам нежни зборови, чувствувам како расте и јакне нашата взаемна блискост. Подоцна, прочитав дека на детето често треба да му се вели: `Кога би можел/а да бирам, од сите деца на светот би те одбрал/а тебе! или Дали денес ти имам кажано дека те сакам?

Не сме свесни со колкави трауми може детето да дојде на овој свет, посебно ако нивните мајки се бореле со мисли за несакана бременост додала Олга која вели како сфатила дека на децата им е важно да почувствуваат дека му се битни и потребни на овој свет, на родителите, на Бога…

Таа напоменува дека овие зборови треба да се изговараат секоја вечер, по 3-5 минути, но не поради терапија, туку поради љубов.

Без било каков повод, кога поминувате покрај децата, нежно гушнете ги, бакнете ги во главата. Ќе ви го запаметат тоа за цел живот, рекла Олга, чиј син оздравел со помош на зборови, пишува healthylifestory.net.

Поврзани вести

Back to top button