Религија

Гнасотијата на развратот

Поминавме еден ден покрај една јавна куќа. На нејзиниот праг седеше убаво момче, со благороден лик. Изгледаше многу натажено, буквално очајно. Час го покриваше лицето со дланките и почнуваше да плаче, час ќе ја наведнеше главата кон градите и болно воздивнуваше. Час ги подигаше рацете кон небото и со солзи се молеше, час се налактуваше и паѓаше во очајничко молчење.

Гледајќи го таков, светителот толку се сожали на него, па и самиот почна да плаче. А потоа ги избриша очите, му се приближи и го запраша со татковска љубов:
– За Божјо име, брате! Што ти се случило? Зошто седиш овде, пред овој праг, плачејќи така горко? Кажи ми, те молам, сакам да знам, бидејќи твоето јадосување ми го кине срцето.

– Јас сум, чесен Нифонте, ангел Божји – му одговори момчето. И како што сите христијани во моментот на крштевањето добиваат по еден ангел кој им го чува животот, така и јас сум одреден од Бога да чувам еден човек. Но тој ме јадоса, бидејќи се валка во беззаконија. Ете го, сега овде во оваа дупка, греши со некоја блудница. И како да не плачам, гледајќи го тој пад? Како да не заплачам над образот Божји кој падна во таква темнина?
– А зошто не го посоветуваш да го напушти тој ужасен грев? – го запраша Нифонт.
-Не можам да му пријдам. Откако почна да греши, стана слуга на демоните и јас немам никаква власт над него.
– Добро, како немаш власт? Зар Бог не ти го повери?
– Послушај ме, слуго Божји. Бог го создаде човекот слободен и му допушти слободно да оди по патот кој му се допаѓа. Му го покажа тесниот пат а му го покажа и широкиот. И му рече:

ТЕСЕН Е ПАТОТ ШТО ВОДИ КОН ЖИВОТ(МАТ.7, 14)
ШИРОК Е ПАТОТ ШТО ВОДИ КОН ПРОПАСТА.(МАТ. 7, 13).

Откако го вооружа со божествениот Свој закон и со поуките на Своите светители, го пушти да оди како му е по волја, со совеста како водич, при што, се разбира, најпрво го предупреди на тоа што се наоѓа на крајот на секој од тие патишта: едниот дава малку време привремени наслади, но води во вечни маки. Додека другиот нуди малку време привремен напор, но донесува вечен спокој. Значи, каков совет можам јас да му дадам на човекот што ми го повери Господ на чување? Самиот Господ наш Исус Христос, со сопствени усни, ги умудрува и моли и ги поучува сите луѓе да се отклонуваат од нечистите дела. Но оние што ги пазат и применуваат Неговите зборови се толку малубројни.
– Но, зошто ги подигаш рацете кон небото и воздувнуваш? – го запраша светителот, ангелот.
– Видов околу него демони – едни пееја, други свиреа на струна, некои злобно му се смееја. Срцето ми се кинеше гледајќи ги тие гнаси како му се потсмеваат. Затоа и се молев на Бога да го избави Своето создание од потсмевот на мрачните сили,а со тоа и да ме удостои да се зарадувам на неговото покајание и преобраќање, барем еден ден пред смртта, за да ја предадам неговата душа чиста и без дамка.
Тоа ни го рече ангелот и исчезна. Додека и ние заминувавме, светителот ја искористи ситуацијата да ми каже нешто за страстите и блудниот грев.
– Повалкан грев од него не постои – рече. – Но ако развратниот човек посака да се поокае, Бог го прима поподгетвено и потопло од сите грешници. Бидејќи Тој знае колку е силна таа страст, оти таа се храни со човековиот природен порив, а покрај тоа демоните на неа поттикнуваат различни искушенија. Кој сака неа да ја победи, ќе успее само ако направи подвиг, лишувајќи се од сон и храна.
И како што одевме, тој додаде:

-Еднаш сретнав еден човек што одеше по широкиот на гревот. И тогаш ми се отворија очите на душата и видов триесет демони како прават бркотница околу него. Некои му зуеја како муви околу лицето, други му зуеја како комарци во ушите, додека тројца му врзуваа јаже околу вратот, ногата и појасот и грубо го влечеа на сите страни.
Пред таа жална глетка ми се насолзија очите. „Кои се тие тројца што го влечат човекот со јаже?“ – помислив.
и ми се откри дека едниот беше демонот на блудот, другиот на прељубодејството, а третиот на хомосексуалноста. Оние што зуеле како комарци во ушите се обидувале да го турнат во очајание. А оние што му зуаеја како муви околу лицето го правеле нечуствителен и бесрамен. Тоа Господ ми го откри. Дури тогаш забележав дека неговиот ангел го следи оддалеку, држајќи во раката нешто како тенок стап на чиј што крај имаше прекрасно убав лилјан. Одеше помрачен, очаен, гледајќи го тој човек како се наоѓа во устата на пеколот, потчинет на оние три обожувања на телото. Тогаш и јас ги подигнав рацете кон небото, со желба да изговорам барем една молитва за него. Но лукавите демони во истиот момент се фрлија на мене како комарци и почнаа да ме касаат по рацете, мислејќи дека така ќе ми пречат во молитвата за нивната жртва.
Со страв и трепет ја слушнав оваа приказна на светителот. Навистина, никогаш порано не слушнав ништо толку потресно.

Извадок од житието на свети Нифонт подвижникот меѓу епископите.

Свети Нифонт епископ на Константијана Александриска

Извор: Свето Православие

Поврзани вести

Back to top button