Живот

ФОТО: Клепетан повторно и се врати на Малена, љубов која трае 16 години

Во последните години доцнењата му беа по една недела или две, па и денес не го очекував, но најважно е дека пристигна, сега е повторно тука и убавата приказна продолжува, вели Стјепан Вокиќ.

Во малото место во Хрватска, 16 години по ред продолжува љубовната приказна на познатите штркови Малена и Клепетан.

Тој денес околу 10:30 часот слета во гнездото на покривот на училишната зграда, а Малена го дочека со раширени крилја.

-Навистина, Клепетан доцни некои 3 или четири дена во годината. Патот му е долг, над 13.000 километри треба да прелета и да избегне бројни замки. Денес иако не го очекував, тој пристигна. Нема посреќен од нив и секако од мене. Среќата и љубовта, по долгата зима повторно е во нашиот двор, вели Стјепан кој бил изненаден од доаѓањето на Клепетан.

До сега познатите штркови Клепетан и Малена израснале 54 прици што е вистински раритет и во светски рамки кога станува збор за штрковите и нивните потомци.

Поврзани вести

Back to top button