Живот

ФОТО: Фатална жолта грозница му се заканува на светот

Оваа болест, по африканските држави, наскоро би можела да се прошири на Северна и Јужна Америка, Европа и Азија.

Најголема епидемија на жолтата грозница во последните неколку децении моментално владее во Демократска Република Конго и Ангола, а наскоро би можела да се прошири и на Северна и Јужна Америка, Азија и Европа, предупредуваат од организацијата “Save the Children”.

Единицата за итни здравствени ситуации “EHU”, која во рамките на оваа добротворна организација задолжена за брзо делување, пратена е на терен како поддршка за Министерството за здравство во спроведувањето на масовната кампања за вакцинација во главниот град на Конго, Киншаса.

Оваа кампања е дел од првата линија на одбрана и за цел има да го сопре ширењето на смртоносниот вирус во овој пренаселен град кој има повеќе од 10 милиони жители.

Избивањето на жолтата грозница, болест која ја пренесуваат комарци, е најголемо кое го погодило регионот во последните 30 години и речиси ги испразнило глобалните резерви на вакцини за итни случаи, наведува “Save The Children”. Кампањата за вакцинирање има на располагање вкупно седум милиони вакцини за итни случаи – премалку за Киншаса, а да не зборуваме за цело Конго.

Вирусот влегува во хеморагиски грозници и досега предизвикал смрт кај околу 500 лица, а уште илјада лица се заразени. Алармантно е тоа што Светската здравствена организација предупредува дека наведените цифри би можеле да бидат 10 до 50 пати поголеми.

Жолтата грозница ја шират комарци, а во градовите со висока температура како Кинсаша пренесувањето на болеста се одвива многу брзо. Со оглед на тоа што сезоната за дожд започнува следниот месец, се очекува и бројот на комарци рапидно да се зголеми.

groznica2

“Не постои лек за жолтата грозница и поради тоа таа би можела да биде глобален проблем. Кампањата за масовна вакцинација во Киншаса мора да се случи веднаш за да се обидеме да го спречиме ширењето на жолтата грозница на копно и воздух во градовите во Африка и светот”, вели Хедер Кер, директорка на “Save The Children” во Конго.

Тимот на СЗО го сочинуваат 11 членови меѓу кои има експерти од држави како Италија, Кина, Јужна Кореја и САД. Тие ќе пружат поддршка на кампањата која ја води Министерството за здравство на Конго, која има за цел да вакцинира половина милион луѓе во главниот град.

“Потребно е итно да вакцинираме што поголем број на деца и семејства со резервите кои се на располагање и ова единствен начин да се направи тоа овој момент. Можеме само да се надеваме дека тоа ќе биде доволно за да се спречи понатамошно ширење на епидемијата”, додала Кер.

Во текот на ова избивање на жолтата грозница, речиси 20 проценти од заразените им подлегнале на болестите. Во последната фаза болеста може да предизвика крвавење од очи, уши и нос, но и откажување на органите.

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button