Фото

ФОТО: Дупка вредна 15 милијарди евра!

Обемот на кратерот изнесува 1.600 метри, а над него е воведена строга забрана за летање, бидејќи вртлогот може да ги повлече хеликоптерите и авионите.
Рудникот за дијаманти “Мир” во Сибир, е толку голем што со право го носи името “најскапа дупка во светот”. Длабочината на кратерот изнесува 525 метри, а обемот 1.600 метри.

Поради длабочината над него е воведена строга забрана за летање, бидејќи вртлогот може да ги повлече хеликоптерите и другите летала.

Рекордно производство

dupka2

Рудникот “Мир” медиумите го нарекуваат Дијамантски град, бидејќи неговата вредност се проценува на 15 милијарди евра. Во овој рудник, кој се наоѓа на 8.000 километри источно од Москва, во текот на 2014. година биле ископани дури 6 милиони карати дијаманти.

Рудникот се наоѓа во сопственост на руската компанија “Алроса”, од која доаѓа дури една четвртина од вкупното светско годишно производство на дијаманти. Рудникот го окружува град со 35.000 жители. Една од нив е Ајталина, која е родена и пораснала во Јакутск. Таа со сопругот и двете деца таму се доселила пред осум години.

“Кога се омажив со Генадиј, често се селевме поради неговата работа. Мислев дека ќе пливам во дијаманти. Тој тогаш ми објасни дека сите дијаманти кои ги пронаоѓа ѝ припаѓаат на државата и дека целиот процес е строго контролиран. Џебовите не ни се полни со дијаманти, но живееме подобро отколку во Јакутск”, вели таа.

Спас по војната

dupka3

Најголемите пронајдени дијаманти во овој рудник биле со големина на топчиња за голф. Кога Русија останала уништена по војната, Сталин парите добиени од дијамантите од овој рудник ги искористил за изградба на државата.

Поврзани вести

Back to top button