Македонија
ФИЛМСКИ ГРАБЕЖ ВО МАКЕДОНИЈА: Маскирани влегле во складот со марихуана, го врзале чуварот и ја украле „тревата“!
Филмска кражба во склад за марихуана во валандовското село Јосифово. Со фантомки на главата , неколку лица насилно влагле во складот. Откако успеале да го врзат чуварот, ја зеле марихуаната и заминале во непознат правец. се претпоставува дека биле и наоружани, објави ТВ Алфа.
Полицијата го потврди случајот. Во валандовската полициска станица вчера е пријавена кражба којашто се случила минатата ноќ во 3часот по полноќ. Освен дека се преземаат интензивни мерки за целосно расчистување на случајот, други информации не споделуваат. Нема детали како крадците успеале да влезат во добро обезбедуваните магацини. Официјално не е прецизирано количеството на украдената марихуана, но во јавноста се шпекулира дека станува збор за околу 2 тони.