Филипче: 20 отсто од дијагностицираните изминатите денови имаат британска мутација на ковид-19
Филипче рече дека засега нема потреба од нови дполнителни рестриктивни мерки.
„Шеесет до седумдесет отсто вакцинирано население може да ја смени сликата на пандемијата. Секаде во светот, во навистина многу малку земји со исклучоци, вакцините не пристигнуваат ниту со посакуваната, ниту со потребната брзина. Сепак станува збор за еден нов продукт, за почеток на производство. Буквално сите земји се соочуваат со истиот проблем и со истиот предизвик“, потенцира Филипче.
Најави дека следната недела ќе биде потпишан драфт договор со компанијата „Фајзер”.
„Во овој момент завршуваме еден проект кој е финансиран од ЕУ, а тоа е за поврзување со Грција на електронските досиеја на нашите граѓани. Проектот требаше да заврши во јуни лани, го одложивме за јуни годинава. Електронското досие на нашите граѓани кои ќе патуваат доколку им треба здравствена услуга во Грција ќе биде на располагање и обратно на грчките граѓани тука кај нас. Еден одличен проект кој без оваа административна работа, која ја имаат и докторите во Грција нема да биде возможен. Така се гради електронското досие, тоа е суштината на електронското здравство“, додаде Филипче.