МистерииСветТоп

Езерата ширум Алјаска и Сибир му се закануваат на човештвото: Во воздухот испуштаат опасен гас, сè се случува премногу брзо

Езерата ширум Алјаска и Сибир почнале да испуштаат балончиња од метан, а ова испуштање на гасови кои создаваат ефект на стаклена градена ги загрижило научниците. Глобалното затоплување го топи арктичкиот пермафрост, штетните гасови се испуштаат во атмосферата, но лошата вест е тоа што овој процес се случува побрзо од очекуваното.
Минатиот месец американската вселенска агенција “НАСА” објавила снимка од арктички езера полни со балончиња кои се последица од малку познатиот феномен на “нагло одмрзнување”.
На научниците веќе долго им е познато дека пермафростот кој се топи има потенцијал да испушта големи количини на метан во атмосферата. Бидејќи органската материја која била заробена во тлото се одмрзнува, тие се разложуваат и се распаѓаат испуштајќи јаглерод и метан. Но тој процес бил многу бавен, а тоа што научниците не го земале во предвид е наглото одмрзнување.
Кога сета таа количина би се ослободила во атмосферата, последиците по климатските промени би биле огромни. Вкупно има околу 1.500 милијарди тони јаглерод заробен во пермафростот, што е речиси двојно поголема количина од моменталниот јаглерод во атмосферата.
Во минатото, кога животните облици засновани на јаглерод умреле на Арктикот, замрзнале пред да имаат време да се распаднат. Сега, со се повисоките температури во регионот, микробите во одмрзнатото арктичко тло ги разложуваат овие заледени органски тела, испуштајќи јаглерод-диоксид и метан во атмосферата.
Според истражувањата на НАСА, наглото одмрзнување се одвива под таканаречен термокраст, односно одмрзнувачки езера. Научниците пресметале дека наглото одмрзнување ги дуплирало претходните проценки за придонесот на пермафростот во глобалното затоплување.
Исто така дошле до заклучок дека луѓето не можат да направат многу за да го сопрат овој процес. Дури и кога би ги намалиле емисиите на штетни гасови, наглото одмрзнување би продолжило да испушта големи резерви на метан во атмосферата.

Поврзани вести

Back to top button