ЕВН: Арачиново, Грчец, Крушопек, Сарај, Студеничани, Сингелиќ и Серава крадат струја колку што трошат Охрид, Прилеп и Гевгелија
Околу 50 милиони евра е загубата на струја на годишно ниво, како последица на кражби со нелегани приклучоци.
Од ЕВН за А1он велат најпроблематични се Арачиново, Грчец, Сарај, Крушопек, Сингелиќ, Серава и Студеничани. Во просек, годишно во државата, преку ЕВН, околу 5 отсто од испорачана електричната енергија се презема неовластено, односно се краде.
Порталот А1он направи пресметка, според која се доаѓа до заклучок дека кражбите на струја кои ги има ЕВН се еднакви како потрошувачката во три градови со големина на Охрид, Прилеп и Гевгелија.
Од ЕВН за А1он велат дека постојано работат на детектирање на кражба на електрична енергија. Покрај седумте места во Скопје каде има најголеми кражби, посочуваат: „Има и други региони со помалку детектирани кражби, но мерките и активности за сузбивање на кражбите, ЕВН континуирано спроведува успешни проекти за намалување на загуби, но само во деловите каде што постојат услови“.
Веќе два дена во континуитет се работи на спречување на кражби на електрична енергија во Арачиново. Таму, ЕВН има 80% загуби на електрична енергија како последица на кражби.
Целиот текст во потралот А1он.