Uncategorized

Еве зошто треба да го намалите шеќерот во исхраната

Малку шеќер во исхраната не е претерано штетно – се препорачува консумирање на не повеќе од 6 малечки лажички шеќер дневно за жените и 9 за мажите. Внесот на непроцесирана храна која содржи природен шеќер како овошјата и зеленчуците не е лимитиран.

Еве што се случува кога ќе го намалите (или исфрлите) внесот на шеќер во организмот:

1) Кожата ќе ви изгледа помлада

Разни студии сугерираат дека количината на шеќер во крвта (која е зависна од тоа колку шеќер внесувате преку храна и пијалоци) делува врз молекуларнио домино ефект наречен гликација, кој ја ослабува кожата и ја намалува нејзината еластичност. Намалувањето на внесот на шеќер ги редуцира видливите знаци на стареењето врз кожата.

2) Ќе имате помалку маснотии на стомакот

Висцералното масно ткиво е составено од маснотиите кои се создаваат околу виталните органи како црниот дроб, панкреасот и цревата. Ова масно ткиво не само што е тешко да се елиминира, туку е и опасно, бидејќи е познат фактор на ризик за разни срцеви заболувања и дијабетесот. Што помалку шеќер внесувате во организмот, толку се помали шансите за создавање (или зголемување) на ова масно ткиво.

3) Ќе се чувствувате поенергични

Вештачките шеќери се едноставни јаглехидрати, што значи дека бргу се варат и бргу навлегуваат во крвотокот, предизвикувајќи наплив на енергија и будност. Но, штом тој шеќер комплетно се метаболизира, настапува т.н „crash” , односно „спуштање“, при што чувството е сосема спротивно на претходно искусеното.

Затоа, кога ви е потребна енергија, заменете ја засладената храна и грицки со храна која има малку шеќер, но многу протеин и природни маснотии, како што се бадемите. Бидејќи ваквиот тип на храна се вари побавно, ќе ви обезбеди стабилен прилив на енергија која ќе трае подолго.

4) Срцето ќе ви биде во подобра форма

Што повеќе шеќер во исхраната, толку е поголем ризикот од срцеви заболувања, дури и доколку немате прекумерна тежина.

Во една студија од 2014-та, истражувачите откриле дека оние кои конзумирале најмногу шеќер (повеќе од 21% од вкупните калории внесени дневно), го дуплирале ризикот за смрт од срцево заболување. Оние кои внесувале 17 до 21% имале 38% зголемен ризик за смрт од кардиоваскуларна болест во споредба со оние чиј внес на шеќер изнесувал до 8% од дневните калории.

5) Ќе ги намалите шансите за тип 2 дијабетес

Студија од Универзитетот Стенфорд од 2014 која вклучувала 175 земји покажала дека колку повеќе шеќерот е достапен во исхраната на некоја популација, толку е поголема бројката на заболени од дијабетес.

Епидемиолошките податоци исто така сугерирале дека покрај останатите фактори, исхраната полна со шеќери (и под услов да е нискокалорична) предизвикува таложење на висцералното масно ткиво во стомакот, што може да доведе до отпорност на инсулин и развој на дијабетес.

Поврзани вести

Back to top button