Живот

Eве што ќе ви се случи доколку секој ден јадете по две банани

Бананите се добри за срцето и нервите бидејќи содржат големи дози калиум.

Калиумот го чува срцето, но го оджува во добра форма и нервниот систем. Калиумот исто така е важен за контракција на мускулите, добар е за бубрезите и коските. Се намалува излачувањето на калциумот во урината, како и создавање на камења во бубрезите, го урамнотежува нивото на калциум во телото и го намалува ризикот од остеопороза. Бананите содржат триптофан кој помага при создавање на серотонин, а имаат и смирувачко дејство на мозокот. Бананите помагаат при претварањето на јаглехидратите во глукоза и со тоа одржуваат правилно ниво на шеќер во крвта.

Но, што ќе ви се случи ако јадете по две банани дневно во текот на еден месец?

Ќе ви зајакне коренот на косата, а кожата ќе стане значително понежна и затегната. Ако имате пролеми со акни и неправилности на кожата, бананите ќе ви помогнат во решавање на тој проблем поради магнезиумот кој го содржат, пишува High Perspective.

Ќе ги решите проблемите со запек, ако секое утро, откако сте испиле чаша млака вода со лимон на празен стомак, изедете зрела банана. Ако, пак, патите од дијареа, не јадете зрели, туку жолти банани.

Бананите го регулираат варењето и го нормализираат крвниот притисок, но го намалуваат и холестеролот.

Поврзани вести

Back to top button