Uncategorized

Ерменски „натчовек“: Врелиот растопен челик не му може ништо (видео)

Ерменскиот леар Аркадиј Мгдасјан од градот Алаверди  во 2016 година на интернет објави видео на кое со гола рака поминува низ млазот од растопен врел челик без притоа да се здобие со било какви повреди и изгореници.

Во коментарот пишува дека нивните „леари се толку брутални, што во споредба со нив колегите од Челјабинск се мали деца“, пренесува Russia Beyond.

Во еден од коментарите под видеото понудено е и објаснување зошто леарот не се здобил со изгореници. Тој смета дека тоа може да се објасни со познатиот ефект на Леиденфрост. Течноста во контакт со тело кое е далеку потопло од точката на вриење на течноста создава изолациски слој на пареа кој спречува брзо испарување. Пареата за момент можела да ја заштити кожата од изгореници.

Поврзани вести

Back to top button