Свет

Ердоган: Еден од терористите во Брисел го уапсивме и го екстрадиравме, а Белгијците го ослободија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека еден од напаѓачите во Брисел е лице кое било екстрадирано од Турција, соопшти турската телевизија НТВ.

– Еден од напаѓачите во Брисел е човек кого го уапсивме во јуни 2015 година во Газиантепе, во југоисточна Турција, и потоа сме  го екстрадирале во Белгија. Белгијците, меѓутоа, на крајот го  ослободиле посоченото лице, изјави Ердоган.

Според него, и покрај предупредувањата на Турција дека овој човек е странски џихадист, белгиските власти не успеале да утврдат дали лицето е поврзано со терористичка организација.

Турскиот претседател овие податоци ги кажа денеска на заедничка прес конференција со романскиот колега Клаус Јоханис.

Поврзани вести

Back to top button