Економски директори на Клиниките, народот ги плаќа 1,5 милиони евра годишно, нивниот ефект поразителен, СДСМ вети дека ќе ги ги укине уште во 2016 година
Заклучно со декември, 2021 година, македонските болници, здравствени домови и клиники заедно должат речиси 97 милиони евра. Тоа значи дека вкупниот долг е цели 68 милиони евра, додека дополнителни 29,5 милиони евра се недоспеан и неплатен долг. Ваквото лошо менаџирање на болниците е запрепастувачко со оглед на фактот што сите тие имаат економски директори чија плата изнесува од 1.000 до 1.500 евра.
Во 2006 година, откако ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт, направија реформа со која скопскиот Клинички центар беше поделен на 32 клиники, кои имаат 56 директори и 142 члена на управните одбори. Според системот на врзани потписи, тие требаше да направат ефикасни реформи во здравството, а во исто време да ја зголемат контролата на работењето.
Според коментарите на здравствените работници најчесто ови економски директори на клиниките беа необразовани и нестручни партиски војници, и Клиниките под нивна управа не само што го намалија туку и го зголемија долгот за 50 милиони евра.
СДСМ уште во 2016 година, ветуваа дека доколку дојдат на власт експресно ќе ги разрешат економските директори.
Според рокот наведен во програмата, работното место на менаџерите требаше да биде укинато најдоцна до 1 декември 2017 година. Оттогаш поминаа цели шест години, а тоа не се случи. За да бидат укинати економските директори би морал да се промени Законот за здравствена заштита и оваа категорија целосно да биде укината.
СДСМ донесе таква одлука, но како и ВМРО-ДПМНЕ и тие немаа храброст да им кажат не на своите коалициските партнери (или како што вели народот нивните господари) од ДУИ, на кои никако не им одеше во прилог укинувањето на организациските директори, бидејќи на тој начин без работа ќе останат нивните кадри.
И од министерството за здравство уште при смената на власта најавија дека ќе ги укинат овие места, но во меѓувреме одлучиле да ги задржат. Одлуката ја правдаат со образложение дека во дел од клиниките обемот на работа е голем и има потреба од овој кадар.
Дека нема да има укинување на економските директори потврди и Министерот за здравство Беким Сали.
„Тоа што вие го нарекувате економски директор, при некоја реформа би било одговорен во секторот за финансии, што сметам дека финансиски нема да смени ништо во делот на вкупниот буџет на функционирање на секоја здравствена установа. Во последните три години, се соочуваме со финансиски недобро планирани стратегии за јавни здравствени установи. Во последниве три години, вклучувајќи и период на пандемија се соочуваме со финансиски недобро планирани стратегии и буџети за Јавни здравствени установи кои што не се под влијание на поединци, менаџери или од Владата, туку се вонредни состојби, истакна Сали.
Во моментов има 15 економски директори, половина од нив се кадри на ДУИ и додека болниците кубурат со здравствени работници, бидејќи немаат пари за вработување, еден економски директор месечно зема плата во висина од 1.000 до 1.500 евра плата. Дел од медиумите пишуваа дека тому овие кадри од ДУИ, за кои партијата инсистирала да останат на своите работни места, ја кочеле идејата за укинување на економските директори а со тоа и носењето на измените на Законот за здравствена заштита.
Милан Милиќевиќ