Македонија
Еден од обвинетите во Монструм повторно во затвор
Фејзи Азири, еден од обвинетите во Монструм, иако пред три месеци излезе од затвор, бидејки му беше укинат притворот по одлуката на Врховниот суд судењето да започне од почеток, сепак набрзо повторно завршил зад ресетки.
Тој бил вратен во затворот во Штип, каде што треба да одлежи затворска казна од 6 години и шест месеци. На денешното рочиште за Монструм, Азири на судијата Огнен Ставрев му појасни дек во моментот има добиено прекин на казната во траење од 30 дена, по што ке се врати назад.