Македонија

ДУИ останува сè додека не се повлече одлуката за градење на крстот

Мирно и без провокации во кампот, кој ноќта го постави ДУИ,  на местото каде треба да биде поставен крст висок 50-тина метри, во населбата Бутел, пренесува телевизија Телма.

Под отворено небо останале над 150 луѓе кои нема да отстапат се додека не се повлече одлуката за поставување на крстот.

Инаку, насилни протести се одржаа вчера во Бутел. Предводени од функционери на ДУИ демонстрантите ја урнаа оградата околу темелите на крстот и поставија шатори. Бараат повлекување на крстот, кој следуваше откако соседната општина Чаир постави двоглав орел.

Поврзани вести

Back to top button