Избор на уредникотМакедонија

Државната пошта на тендер избра фимра на која ќе плати 1,2 милиони евра за чистење и одржување хигиена

Државната пошта на тендер избра фимра на која ќе плати 1,2 милиони евра за чистење и одржување хигиена за период од две години. При тоа таа фирма ќе ангажира чистачки кои сега работат во државната Пошта, а нема да смее да им плати помалку од минимална плата!!! За да биде посмешно или трагично треба да се напомене дека Владата редовно ја крпи финансиската дупка што ја прави Пошта речиси секоја година. За претходните две години компанијата направи загуба од 6,6 милиони, ПИШУВА ФАКТОР.МК.

Скопската компанија „Стед-комерц“ ќе ја одржува хигиената во 16 деловни единици на државната компанија Пошта за период од 2 години за тие услуги ќе наплати до 1,2 милиони евра (со вклучен ДДВ). Во конкуренција на три компании за чистење „Стед Комерц“ дала најниска понуда која е пониска од почетната цена за 70.000 евра.

Тендерот, достапен на следниот линк https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/ef44cd20-fa87-4bdc-9931-e7d9017a7f4d , предвидува три типа на услуги за чистење со различни цена за чистење површина квадратен метар.

Најневеројатно е тоа што освен што ќе плати пари за чистење Поштата ќе отстапи и свои вработени – хигиеничарки на фирмата што ја дава услугата. Тоа е регулирано во договорот во кој пишува дека носителот на набавката односно „Стед компани“ се обврзува дека нема да исплаќа плата под минимално утврдената на тие хигиеничарки што ќе ги превземе од државната пошта.

ПОВЕЌЕ НА ФАКТОР.МК

Поврзани вести

Back to top button