Избор на уредникотМакедонија

Државна институција и подари комбе на џамијата во Арачиново

Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот Дритон Небиу доделил едно комбе Цитроен Џампер на џамијата во Арачиново. Одлуката е спротивна на уставниот принцип на секуларната држава во која државните институции се одделени од верските организации.

– Ова е следна донација бидејќи општина Арачиново не е „заборавено село“ туку е општина која заслужува и има безброј потреби за грижа, токму од државните институции, затоа мојата соработка со граѓаните ќе биде континуирана, пишува директорот Небиу на Фејсбук.

Инаку Директорот на агенцијата за управување со одземен имот Дритон Небиу е кадар на Алијанса за Албанците.

Поврзани вести

Back to top button