Македонија

Додека Хаки Азири го спремале за загрозен сведок во „Монструм“, во ДУИ го знаеле неговиот идентитет?!

На денешното судење за случајот „Монструм“ беа прочитани неколку СМС пораки од лидерот на ДУИ Али Ахмети и негови соговорници, исто така високи партиски функционери, пишува  Фокус.

Во една порака Ахмети му се обраќа на Бујар Османи, а по повод некоја негова изјава дадена за медиумите:

„Зошто се гориш себе си за „Монструм“? Те видов вчера и ми беше жал. Ти не си на голема функција и затоа избегнувај одговорност и не се соочувај!“

Беше прочитана и комуникација меѓу Али Ахмети и Џелал Бајрами, кој во тој период е заменик министер во МВР, по неполн месец од петкратното убиство, односно на 6 мај 2012 година.

Ахмети: Како оди?

Бајрами: Сега засега добро. Имаме некои информации за овој фантомот (мисли на Хаки Азири кој беше подготвуван за загрозен сведок, но се предомисли), кој божем ни се изгуби.

Ахмети: Изгледа со овој фантамот излезе интересна работата.

Бајрами: Неговиот вујко, фантомот му е внук од сестра, е началник во Внатрешна контрола во МВР. Треба да се биде внимателен со фантомот. Не може само со него. Така беше во Сопот, па ништо не излезе.

По ова Ахмети коментира дека многу ќе им завршило работа доколку на тие во Косово (мислејќи на бегалците) да им било извршено тестирање. Бајрами пак го известува дека ќе оди во Американската амбасада кои биле заинтересирани за случајот.

Нардениот ден двајцата соговорници повторно зборуваат за Хаки Азири, несудениот загрозен сведок.

„Хаки се јавил во 19 часот и разговарал со татко му една минута. Рекол дека е добар, но локацијата каде се наоѓа не се знае. Наводно му рекле дека ќе биде ослободен деновиве, го известува Ахмети соговорникот Бајрами.

Во разговор меѓу Артан Груби и Ахмети, пак лидерот на ДУИ му вели дека мотивот нема да испадне исламизам туку нешто друго.

Истиот ден Муса Џафери му се јавува на Ахмети и вели дека не знае кај е фантомот (мислејќи на Хаки Азири кој беше подготвуван за загрозен сведок, но потоа се предомисли), а семејството постојано испраќало стројници да прашуваат.

Ахмети му вели: Ќе имаат проблем меѓу себе. Ќе велат го сокрија, го монтираа…

Судењето е во тек.

Хаки Азири неколку дена беше чуван во тајност од полицијата, бидејќи требало да биде спреман за загрозен сведок, откако кажал дека тој го превезувал убијците на децата. Но, потоа се предомислува, и вели дека бил присилен да сведочи, по што станува обвинет.

В.В. за Фокус

Поврзани вести

Back to top button