Живот

Девојки, почитувајте ги добрите мажи!

Никол Шерцингер (38) е во врска со тенисерот Григор Димитров (28) од јули минатата година. Таа вели дека е многу заљубена во него. “Сакам личност која умее да сака. Заедно сме веќе некое време и се трудам да уживам во секој момент, да бидам среќна. Добро е девојките да бидат во врска добри мажи. Почитувајте ги добрите момци – тие можат да победат.” – изјави пејачката, а потоа додаде дека Григор е навистина сладок.

Со оглед на тоа дека и двајцата имаат успешни кариери и многу обврски, Никол се надева дека Григор ќе успее да ја посети во Лондон, каде Никол е една од судиите на емисијата “X Factor”.

nikol

„Тој е зафатен со својата кариера, но се надевам дека ќе ме посети. Двајцата често патуваме, но убаво е кога ќе најдеме време еден за друг. Тоа навистина го цениме. Добро е што двајцата имаме кариера, што имаме простор да се фокусираме на кариерите и на себе. Кога сте во врска, важно е да поставите граница за да го зачувате вашето достоинство. Многу често се случува да дозволиме да се случат работи, поради кои се чувствуваме ранливо и слабо.”

nikol

Никол изјави и дека сака во иднина да има деца.

„Само Господ знае кога ќе дојде време за тоа. Знам дека кога ќе имам деца, ќе ги воспитам децата онака како што ме воспита мојата мајка. Таа е најдобрата мајка на светот. Ме роди кога имаше 18 години и сама ме одгледа. Таа е најсилната личност која ја знам, се надевам дека ќе ја направам да се чувствува посебно” – изјави Никол.

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button