Избор на уредникотМакедонија

Детали за двојното убиство: Влегле во униформи, викале да не мрдаат, па им пукале во глава

Пет лица облечени во униформи со фантомки на глава влегле во кафуле во Старата скопска чаршија, ги таргетирале сега двајцата убиени и им пукале во глава, велат за „Макфакс“ очевидци на престрелката во Стара скопска чаршија која се случи вечерва и во која беа убиени две лица, а еден е повреден и пренесен во болница.

Според информациите на „Макфакс“ кога вооружената група влегла, викала никој да не мрдне, посочувајќи дека станува збор за рација. Во моментот на пукањето, немало многу луѓе во барот.

Освен убиени, има и неколку повредени лица. Двајцата убиени биле во одделен дел на кафулето односно во горниот дел на објектот, во засебна канцеларија, каде што вооружената група ги затекнала. Овие неофицијални информации засега не можат да се потврдат бидејќи од МВР велат дека се работи на настанот и со повеќе детали ќе излезат подоцна.

Поврзани вести

Back to top button